Submission #296

Деца, млади и студенти
Национален центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ)
https://ncdiel.mk
info@ncdiel.mk
070/332930
бул.„8 миСептември“ 2-9
Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) е основан во ноември 2009 година со финансиска поддршка од Австриската Развојна Соработка – Austrian Development Cooperation (ADC). Центарот се развива под препораките на проектот „Соработка на агенциите за финансирање и поддршка на иновации во Југоисточна Европа“ (South-East Europe Co-operation of Innovation and Finance Agencies). Оваа мрежа се стреми кон зајакнување на капацитетите за ефективно овозможување на иновациска, технолошка и финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија.

НЦРИПУ е дизајниран како центар отворен за иновативни, технолошки-базирани и профитно-ориентирани идеи.

Визија:

Центарот да стане национален лидер во процесите за создавање конкурентна економија базирана на иновативно знаење и претприемачко размислување.

Мисија:

Промоција, поддршка и развој на иновациите и претприемачкото учење, со цел намалување на невработеноста преку формирање нови иновативни бизниси и зајакнување на секторот на мали и средни претпријатија во Република Македонија.



Цели на НЦРИПУ:


Зајакнување на инфраструктурата за поддршка на иновации
Зголемување на конкурентноста на малите и средни претпријатија
Формирање нови бизниси базирани на знаење
Зголемување на бројот на малите и средни претпријатија и нивното учеството во БДП
Воведување претприемачко учење на сите нивоа на образование
Промовирање на концептот на доживотно претприемачко учење
Зајакнување на соработката помеѓу универзитетите и стопанството
Промоција на јавно – приватно партнерство
Поддршка на кластерите во Република Македонија.
Фондација претприемачки сервисза млади (ПМС)
CED Hub Skopje
Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово
Македонска развојна фондација за претпријатија
Bantani education Брисел
Национален совет за женско претприемништво
EntrComp community Брисел
Erasmus for young enterpreneurs Брисел
проф. д-р Радмил Поленаковиќ
5-10
2