3.2

ИЗГОТВУВАЊЕ НА ПОДОБРЕНА ЗАКОНСКА И ПОДЗАКОНСКА РАМКА ЗА ЕВИДЕНТИРАЊЕ И ФИНАНСИСКО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ НАСТАНИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ВРШЕЊЕТО НА ДЕЈНОСТИ СО КОИ МОЖЕ ДА СЕ СТЕКНЕ ДОБИВКА, КАКО И ЈАВНО ОБЈАВУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИТЕ ПОДАТОЦИ ОД РАБОТЕЊЕТО НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, КАКО РЕЗУЛТАТ НА ОЦЕНКАТА И АНАЛИЗАТА НА ПОСТОЈНАТА ПРАКСА И ЗАКОНСКАТА РАМКА  (ВРСКА СО АКТИВНОСТ 3.1)

 

Водечка институција

Министерство за финансии

Институции учеснички

Управа за јавни приходи

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Министерство за правда

Централен регистар на РМ

Рок на спроведување

2019, 3то - 4то тромесечје

Индикатори

1. Изготвена е подобрена законска рамка за евидентирање и финансиско известување на деловните настани кои произлегуваат од вршењето на дејности со кои може да се стекне добивка, како и   јавно објавување на финансиските податоци од работењето на граѓанските организации

2. Број на одржани состаноци помеѓу претставниците на Министерството за финансии и другите надлежни органи на државна управа

3. Подготвени се обрасци (на хартијаи електронски) кои може да ги користат граѓанските организации заради собирање на финансиски податоци за активностите со кои се стекнува добивка, остварени во претходната фискална година

4. Спроведени се јавни консултации за спроведување на алатките по првата година од имплементација

 

ВО ТЕК                                        

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Оваа активност ќе се реализира преку  Активноста 2.2. За спроведување на одредбите на член 4-а од Законот за данокот на добивка со кои граѓанските организации се уредија како обврзници за пресметување и плаќање на данокот на вкупен приход за приходите од вршење стопанска дејност, во тек е подготовка на подзаконски акт со кој ќе се овозможи граѓанските организации да известуваат за износите на вкупните приходи од непрофитна дејност, како и за вкупните приходи од стопанските дејностите остварени во текот на деловната година. 

 

Дополнителни информации:

Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка

 

Macedonian
Мерки:
Статус: