6.1

СПРОВЕДУВАЊЕ НА АНАЛИЗА НА ПОТРЕБИТЕ ЗА ВОСПОСТАВУВАЊЕ ТРАНСПАРЕНТЕН И ДОВЕРЛИВ МОДЕЛ ЗА ДРЖАВНО ФИНАНСИРАЊЕ СО ВОСПОСТАВУВАЊЕ ЕДИНСТВЕН ФОНД ЗА ИНСТИТУЦИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ  И ЗА КОФИНАНСИРАЊЕ НА ЕУ ПРОЕКТИ СО КОМПАРАТИВНА АНАЛИЗА ОД ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2019, 2ро тромесечје

Индикатори

1. Формирана е работна група за анализата на потребите

2. Број на институции застапени во работната група

3. Број на граѓански организации застапени во работната група

4.Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

5. Спроведена е анализа на потребите и јавно е објавена (вклучително и компаративна анализа од други држави)

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности, по индикатори:

На барање на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Одделението за соработка со невладини организации подготви Информација за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ во 2018 година и планирани средства 2019 година,  која што беше разгледана на 11. тематска седница на Советот, одржана на 19.3.2019. Владата ја разгледа и усвои Информацијата на 16.4.2019 и го задолжи Генералниот секретаријат во соработка со Советот, до 13.09.2019 година, да достави до Владата анализа која ќе содржи преглед на направените трансфери до здруженијата и фондациите за 2017 и 2018 и планираните за 2019 и компаративните искуства за државното финансирање во државите од регионот, како и предлог за воспоставување транспарентен и доверлив модел за државно финансирање со воспоставување единствен фонд за институционален развој на граѓанските организации и за кофинансирање на ЕУ проекти. 
На 22.5.2019 година, во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), се одржа конференција на тема „Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации“. На конференцијата се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, кој ја потврди политичката волја за подобрување на моделот на државно финансирање. 
Врз основа на потпишан Меморандум за соработка со Генералниот секретаријат на Владата, Фондацијата Отворено општество Македонија подготви Нацрт-Анализа на финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на  Република Северна Македонија (од 2017 год. до прва половина на 2019 год.) со Компаративна анализа на моделите за државно финансирање од други земји и Предлог-модел на фонд за институционална поддршка на граѓанските организации и ко-финансирање на ЕУ-проекти во РСМ, извршени се консултации со фокус група од неколку граѓански организации (Македонскиот центар за меѓународна соработка–МЦМС, Здружението Конект, Полио Плус-движење против хендикеп, Центарот за европски стратегии – Евротинк, Здружението на граѓани Х.Е.Р.А. и Младински образовен форум (МОФ), користени се податоците добиени од органите на државната управа, од локалните заедници (40 општини), како и податоци добиени од Трезор во кои за првпат јавноста има увид во начинот на кои се планираат и исплаќаат овие средства.  

Нацрт-Анализата беше презентирана на 17 седниа на Советот (25.11.2019) и беше оценето дека претставува добра основа за понатамошни консултации со граѓанскиот сектор. Советот  во периодот 17.12.2019-10.1.2020 преку www.nvosorabotka.gov.mk спроведе консултативен процес со граѓанските организации за да им овозможи навремено и темелно запознавање со текстот на Анализата и да прибере коментари и сугестии за подобрување на заклучоците, како и на генералните и специфичните препораки. Записникот од спроведениот консултативен процес беше разгледан и усвоен на 19.седница на Советот (26.3.2020). Согласно заклучоците од 23 седница на Советот (24.9.2020) Анализата е доставена за разгледување од страна на Владата. 

Macedonian
Мерки:
Статус: