7.1

СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ПОДЗАКОНСКИОТ АКТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ЈАВНИ ИЗВОРИ ЗА ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ КОИ ГИ СПРОВЕДУВААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2020, 2ро тромесечје

Индикатори

1. Број на одржани јавни консултации и тркалезни маси

2. Број на граѓански организации вклучени во јавните консултации

3. Одржана е тематска седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за предлог уредбата 

4. Извештајот за јавните консултации е подготвен и јавно е објавен

 

СПРОВЕДЕНО

Преземени активности во 2019, по индикатори:

Во ноември 2019 год. Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), организираше три консултативни средби со граѓански организации во Скопје (12.11.2019 ), Битола (14.11.2019 ) и Штип (15.11.2019 ), за утврдување на приоритетите, критериумите и постапката за финансиска поддршка на граѓанските организации. Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор расправаше за овие прашања на 16 седница, одржана на 28.10.2019 година и 17.седница, одржана на 25.11.2019 година и утврдени позитивно мислење по Предлог-Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2020 година и Предлог-Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансиска поддршка на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија,  на 18.седница, одржана на 10.12.2019 год.

Macedonian
Мерки:
Статус: