9.1

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА РЕДОВНА РАБОТА НА СОВЕТОТ ЗА СОРАБОТКА СО И РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

 

Водечка институција

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 2ро тромесечје; постојано

Индикатори

1. Обезбедена е квалитетна техничка поддршка за работата на Советот

2. Број на одржани седници на Советот

3. Број на закони, подзаконски акти и други акти за кои Советот дал свое мислење

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности по индикатори:

1. Одделението за соработка со НВО континуирано обезбедува административно-техничка и стручна поддршка на работата на Советот. За седниците редовно се доставуваат покана со дневен ред, а материјалите и записниците се објавуваат на www.nvosorabotka.gov.mk. Извештајот за работата на Советот за 2018 год. е разгледан од Владата на 129. седница (9.04.2019), а за 2019 год. на 55. седница на Владата (19.5.2020) и е достапен на www.nvosorabotka.gov.mk
2. Од своето формирање во април 2018 до крајот на 2020 год. Советот одржа вкупно 27 седници, од кои 8 седници во 2018, 10 седници во 2019 и 9 седници во 2020. Шест од седниците на Советот беа тематски, (3 и 4 седница за Предлог-Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор  и четити седници (11, 18, 21 и 22) за  финансиската поддршка на здруженија и фондации). 
3. Во 2018 Советот разгледа вкупно 16 акти и материјали, во 2019 вкупно 21 акти и материјали, а во 2020 вкупно 18 акти и материјали. Во 2018 Советот достави три писмени мислења: до Владата, по Предлог-Стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020, до Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии да ги имаат во предвид заклучоците од јавната дебата на тема: „Игра на среќа врз несреќните – јаболко на раздорот“ со цел реформа на начинот на финансирање на организациите на лица со хендикеп и воспоставување модел кој ќе ѝ овозможи на државата потрaнспарентно и целисходно да ги дистрибуира средствата од игрите на среќа и забавни игри кон организациите на лица со хендикеп и до Министерството за финансии да ги има во предвид заклучоците и препораките содржани во Студијата за политики - Физичките лица во системот на ДДВ и владеењето на правото во РСМ со посебен осврт и предлог-решенија во делот на авторските договори. Во 2019 Советот до Владата достави писмено мислење по Извештајот за спроведените мерки и активности од Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор (2018-2020), во 2018 година, Предлог-Програма за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2019 година и Годишниот извештај за спроведените консултации во процесот на подготовка на предлог закони од страна на министерствата  јануари-декември 2018 год., а подготви и достави до Владата Извештај со предлог мерки/барања до надлежните институции за состојбите со говорот на омраза и делата од омраза и нападите на ЛГБТИ центарот за поддршка (разгледан од Владата на  9.4.2019), како и Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, што Владата ја донесе на 14.5.2019. Работна група на Советот подготви Нацрт-План за комуникација на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор и Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија. До октовмри 2020, Советот достави позитивно мислење до Владата по Предлог-програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки за справување со COVID-19 кризата и Предлог-одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија за мерки за справување со COVID-19 кризата, подготви и достави до Владата Информација за преземени мерки од страна на здруженијата и фондациите во справувањето со пандемијата COVID-19 и барање за вклучување на претставници на здруженијата и фондациите во соодветните „антикризни тела“ и Информација за намалување на финансиската поддршка за граѓанските организации(разгледана од Владата на 19.5.2020)
                                                                   

 

Дополнителни информации:

Деловник за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Седници на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

Macedonian
Мерки:
Статус: