9.2
Primary tabs
ИЗРАБОТКА НА ЕФИКАСНИ МЕТОДИ ЗА КОНСУЛТИРАЊЕ И ИНФОРМИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ ЗА СОРАБОТКА СО И РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ТАКА ШТО СОВЕТОТ ДА СТАНЕ ЕФЕКТИВЕН МЕХАНИЗАМ ЗА ОФОРМУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ЗА ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР
Водечка институција |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации |
Институции учеснички |
/ |
Рок на спроведување |
2018, 2ро тромесечје; постојано |
Индикатори |
1. Изработена е и функционална веб страницата на Советот, со постојано ажурирани податоци; 2. Изработен е регистар на граѓански организации со активни е-маил адреси за полесна дисеминација на сите извештаи, анализи и останати активности на Советот 3.Изработени се и објавени годишни извештаи за работата на Советот 4. Формирани се работни групи во рамки на Советот |
СПРОВЕДЕНО
Преземени активности по индикатори:
1. Во рамки на веб-страницата на Одделението за соработка со НВО, www.nvosorabotka.gov.mk издвоен е посебен дел за Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор каде редовно се ажурираат сите податоци записниците и материјалите од одржаните седници на Советот
2. Регистарот на граѓански организации на www.nvosorabotka.gov.mk содржи податоци за 346 граѓански организации со активни е-маил адреси за полесна дисеминација на извештаи, анализи и останати активности на Советот и Одделението за соработка со НВО
3. Извештајот за работата на Советот во 2018 е утврден на 9.седница (12.2.2019) и разгледан од Владата на 9.4.2019, а Извештајот за работа за 2019 е утврден на 19.седница (26.3.2020) и разгледан од Владата на 19.5.2020.
4. Советот формираше 5 работни групи, и тоа: во 2018 год. за изработка на: Деловник за работа на Советот, План за комуникација на Советот и Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија, а во 2019 год. за изработка на предлог за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет и Деловникот за работа на Советот и за утврдување на предлог-приоритети за финансиска поддршка на граѓанските организации од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија во 2020 година, методологија и критериуми за распределба на средствата. Во 2018 год. на барање на МВР, Советот номинираше 3 претставници на граѓанскиот сектор во Работната група за реформи на безбедносниот систем. Со Деловникот за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор бр.38-22/1 од 4.7.2019 се уреди постапката за номинирање претставници на граѓанскиот сектор во советодавни и работни тела. Согласно овие одредби, во текот на 2019 Советот номинираше 27 претставници на граѓанскиот сектор во 8 советодавни и работни тела. На 23 седница (24.9.2020) номинираше 8 претставници на граѓанскиот сектор (5 челнови и 3 заменици членови) во Заедничките работни групи за прекугранична соработка ИПА 3, на 24 седница (2.11.2020) номинираше два члена и еден набљудувач од здруженија и фондации во Заедничкиот консултативен комитет за граѓанското општество на ЕУ и РСМ, а на 25 седница (2.12.2020) номинираше два претставници на здруженија и фондации во работата на Главниот штаб за управување со кризи, без право на глас.
Дополнителни информации:
1. Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
2. Регистар на граѓански организации
3. Извештај за работата на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор
4. Седници на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор