9.3

СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА РАБОТАТА НА СОВЕТОТ

 

Водечка институција

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Институции учеснички

Генерален секретаријат – Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2018, 2ротромесечје

Индикатори

1. Спроведено е стратешко планирање на работата на Советот

2. Врз основа на спроведеното стратешко планирање дадени се препораки за подобрување на работата на Советот

 

РЕАЛИЗИРАНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

1. и 2. Одделението за соработка со НВО, во рамките на твининг проектот „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“ финансиран од Европската Унија и спроведуван од Канцеларијата за соработка со НВО на Владата на Република Хрватска, во јуни 2018 год. организираше две работилници за членовите на Советот, за оперативно планирање и за ефективна комуникација. На 5.7.2018 во Клубот на органите на управата се одржа  тркалезна маса на тема „Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“. Од страна на експертите на твининг проектот подготвено е Експертско мислење и препораки – Анализа на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, што е разгледано на 2.седница на Советот (14.5.2018).

 

Дополнителни информации:

Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за оперативно планирање

  

Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од граѓанските организации, за ефективна комуникација

  

Одржана Тркалезна маса на тема "Понатамошно институционализирање на структурирани механизми за соработка помеѓу Владата и граѓанскиот сектор“

  

Експертско мислење и препораки – Анализа на Одлуката за формирање на Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

 

 

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: