14.1

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА „ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ИНИЦИЈАТИВИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“

 

Водечка институција

Канцеларија на претседателот на Владата

Институции учеснички

Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2018, 3то тримесечје, а подоцна еднаш годишно

Индикатори

1. Број на организирани „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“ годишно

2. Број на граѓански организации и граѓани кои учествуваат во „Отворените денови за иницијативи на граѓанските организации“

3. Број на објави во медиумите во врска со „Отворените денови за иницијативи за граѓанските организации“

 

РЕАЛИЗИРАНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

1.Во согласност со определбата на Владата партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување на политики, Владата воведе „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“. Во 2018 год. се одржаа три од серијата отворени денови на тема: Практики на соработка помеѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме? (8.6.2018 година), Борба против корупција (6.7.2018 година) и Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам (24.12.2018).  Во 2019 год. се одржаа три од серијата отворени денови на тема: План за чист воздух (16.01.2019), Младински политики (27.06.2019) и Програма за намалување на аерозагадувањето 2020 (18.9.2019).

 2.Во 2018 год. на трите од серијата Отворени денови учествуваа 258 претставници на граѓански организации и доставени се 25 иницијативи. Во 2019 год. на трите од серијата Отворени  доставени се 18 иницијативи. Иницијативите и одговорите на ресорните министерства се објавени на www.nvosorabotka.gov.mk

3. Во 2018 год. за трите од серијата Отворени денови има вкупно 46 објави во медиумите.          

 

Дополнителни информации:

Прв отворен ден на Владата со граѓанските организации: Ги отворивме вратите, бидете храбри и понудете ги најдобрите опции за ваш придонес во развојот на Македонија

НВО Отворени денови на Влада на РМ за граѓански организации „Борба против корупција“: Време е за ефикасна борба против корупција, одговорноста е кај лицата кои можат да          влијаат на антикорупциските процеси во институциите

Премиерот Заев: Национална стратегија за развој на концептот за едно општество е за да градиме држава во која различните заедници ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и     меѓусебно ќе се збогатуваат

Иницијативи од  „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“

 

      

 

Macedonian
Мерки:
Статус: