21.1

АКТИВНО УЧЕСТВО И КОНСУЛТАЦИИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ ПОДГОТОВКА НА НПАА

 

Водечка институција

Секретаријат за европски прашања 

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 3то тромесечје; постојано 

Индикатори

1. Вклучени претставници на сите засегнати страни (вклучително и за граѓанските организации) во работата на сите работни групи за НПАА со цел да се обезбеди ефикасна рамка за спроведување на НПАА

2. Број на сите видови консултации кои се спроведени при подготовка на преговарачките позиции со Европската унија

3. Број на организирани работилници и семинари чија цел е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за учество при утврдувањето на јавни политики поврзани со приемот во Европската Унија

 

СПРОВЕДЕНО                                 

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

При подготовката на Планот 18 се одржаа две консултативни средби со претставниците на граѓанскиот сектор (8 и 22 јуни 2018).  Претставниците на граѓанското општество и ресорните институции заеднички ги дискутираа и усогласуваа доставените коментари и предлози за клучните области: реформа на правосудството и борба против корупцијата, реформа на безбедносните и разузнавачките служби и реформата на јавната администрација и доброто управување кои се дел од новиот реформски План 18 пред неговото финално усвојување.                                                                                                                                                                                                                        
Владата ја донесе Одлуката  за формирање на работни групи за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ  и подготовка на преговарачките позиции за преговори за членство во ЕУ  („Службен весник на РСМ“ БР.159/19) која во член 7, став 2 содржи основ за вклучување на граѓанскиот сектор и другите засегнати страни во работните групи.                                                                                                                                                                                                                                                                                                       Потпишан е меморандум за соработка со конзорциум на невладини  организации во рамки на проектот „Дијалог со граѓанските организации- Платформа за структурно учество во ЕУ интеграциите“, финансиран од ЕУ за поддршка на граѓанското општество за механизмот за секторско врежување. Граѓанските организации се вклучени во сите секторски работни групи каде се спроведува програмирањето.

Како продолжение на конференција на тема „Работна група (Task Force) за административна и министерска координација на преговорите со ЕУ: рецепти за успех“ која се одржа на 25.01.2019 со поддршка на Француската амбасада , се одржаа три тематски работилници на кои учествуваа претставници на граѓанскиот сектор. Работилниците се одржаа на следните теми: Дигитализацијата и транспарентноста на СЕП, не само алатки (19.04.2019) со цел да се размената искуства за унапредување на дигиталните платформи на СЕП за поддршка на процесот на преговори. Тренинг центарот на СЕП и димензијата на управување со човечки ресурси (23.05.2019) со цел да се разговара за добрите практики и искуства за јакнење на капацитетите на администрацијата во процесот на ЕУ интеграција. СЕП подобра координација за подобра асимилиација (07.06.2019) со цел да се разменат искуства и добри практики за моделите на координација на процесот на европска интеграција. На 06.06.2019  во просториите на СЕП се одржа предавање на тема "Пристапни преговори, релевантно искуство и научени лекции од Словенија" со посебен осврт на: Врската помеѓу Канцеларијата на претседателот на Владата и Владината канцеларија за координација на европски прашања,како и Министерството за надворешни работи - Постојана Мисија при ЕУ и други релевантни институции, Функционирањето на постојаната мисија при ЕУ, Подготовка на документи, преговарачки позиции, Комуникација со институциите на ЕУ , процеси на донесување на одлуки. Предавањето го одржа Иво Вајгл од Министерството за надворешни работи на Словенија.  

 

Дополнителни информации:

Одржани консултации за Предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија

Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија

Конференција „Искуствата во пристапните преговори – како треба, а како не треба“

Презентација и дискусија: „Креативноста во Креативна Европа – потпрограма Култура“ (12.09.2017)

Повик за „Поддршка на европски проекти за соработка“ во рамки на програмата „Креативна Европа - Култура (2014-2020)“ за 2018 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изработка на нов Законот за управување со природно и културно наследство во Охридскиот регион

  
 

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: