21.2

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ПАРТНЕРСТВОТО ПРИ УТВРДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИ ПОВРЗАНИ СО ИНТЕГРАЦИЈАТА ВО ЕУ

 

Водечка институција

Секретаријат за европски прашања 

Институции учеснички

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2018, 3то тромесечје; постојано 

Индикатори

1. Број на состаноци со претставници од граѓанските организации во врска со прашањата поврзани со процесот на интеграција во ЕУ

2. Број на седници на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор во врска со дефинирање на политиките за интеграција во ЕУ

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор на 6. седница одржана на 9.10.2018 формираше работна група која изработи Предлог-модел за вклучување на граѓанските организации во процесот на преговори со Европската Унија. На 7.12.2018 во Граѓанскиот ресурсен центар се одржа консултативна средба за првиот нацрт на Предлог-моделот, на која учествуваа 40 претставници на граѓанските организации. На 17.9.2019 одржан е состанок помеѓу главниот политички преговарач, Бујар Османи и главниот технички преговарач, Бојан Маричиќ, претставници на Советот за соработка со граѓанскиот сектор и претставници на Националната конвенција за Европска Унија на Република Северна Македонија, на која било потврдено дека Предлог-моделот е прифатлив за владините претставници, а Секретаријатот за европски прашања ќе спроведе широк консултативен процес со граѓанските организации. Предлог-моделот беше разгледан на 17. седница на Советот, одржана на 25.11.2019, а Советот оцени прашањето да се актуелизира во првата половина на 2020.                Членовите на Советот беа поканети на Конференција на тема Искуствата во пристапните преговори - што треба, а што не треба да се прави, организирана од Секретаријатот за европски прашања на 21.09.2018. Целата на настанот беше да се разменат искуства и добри практики со сегашни и поранешни преговарачи од земјите во регионот за процесот на преговори, како дел од процесот на консултации за вклучување на граѓанските организации во подготовката на преговарачките позиции.                                                                                Од септември 2018 до декември 2019 СЕП во континуитет организира подготвителни состаноци и директен пренос за објаснувачките состаноци за секое поглавје од ЕУ acquis кои се одржуваат во Брисел, Белгија. На директниот пренос на објаснувачките  состаноци кој се одржува во СЕП  во просек земаат учество по 3 лица од граѓанските организации чиј фокус на работа се ЕУ поглавјата. 

 

Дополнителни информации:

1.ОСМАНИ: ВЛАДАТА ЌЕ ГО ЗАДРЖИ ПРИНЦИПОТ НА ИНКЛУЗИВНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО РЕФОРМИТЕ

   Работен состанок за Нацрт-планот 18

  

2.Седници на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

Macedonian
Мерки:
Статус: