23.1

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ПРИ ПОДГОТОВКА НА ИЗВЕШТАИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РАТИФИКУВАНИТЕ МЕЃУНАРОДНИ ДОГОВОРИ ВО ОБЛАСТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА

 

Водечка институција

Министерство за надворешни работи

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје; постојано

Индикатори

1. 1. Број на консултативни средби во врска со извештаите на Република Македонија за спроведување на ратификуваните меѓународни договори во областа на човековите права

2. Број на извештаи подготвени со учество на граѓанските организации на консултативни средби

 

СПРОВЕДЕНО

 

Преземени активности по индикатори:

1. Министерството за надворешни работи  одржува редовни консултативни средби, како и електронска комуникација и координација со цел подготовка и усогласување на текст на извештаи согласно обврските кои произлегуваат од договорните тела за човекови права кон кои земјата има пристапено. Во јуни и септември 2018 организираше две консултативни средби за подготовка на Националниот извештај за Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права на ООН. Во февруари 2020 по електронски пат беше циркулиран нацрт текстот на Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Конвенцијата  на ОН против тортура и друг груб, нехуман или деградирачки третман или казнување, до граѓанските организации кои се занимаваат со предметната проблематика, со цел ставање на истиот на увид и можност за дополнување, сугестии од нивна страна во текстот.  Меѓуресорското тело за човекови права преку својата Експертска работна група, чиј Секретаријат е МНР, работи и на подготовка на предлог План за соработка со граѓанските организации. Во рамки на Проектот на Канцеларијата на ОН за поддршка на програмата за работа на Експертската работна група при Меѓуресорското тело за човекови права за периодот 2018-2019, беа одржани две работилници со граѓанскиот сектор  (9-10.5.2019 и 18-20.12.2019) на кои се дискутираше за модалитетите за взаемна соработка во рамки на Телото.                                                                   
2. Во 2018 подготвени се два извештаи со учество на граѓанските организации, и тоа Националниот извештај  за Универзалниот периодичен преглед на Советот за човекови права на ООН и 3, 4, 5 и 6 Извештај на  по Конвенцијата на ООН за правата на детето и двата Факултативни протоколи, за вклучување на децата во воени конфликти и за трговија со деца, детска проституција и детска порнографија. Во 2019 год. подготвен е еден извештај со учество на граѓанските организации: Четвртиот периодичен извештај на РСМ по Конвенцијата на ОН против тортура и друг груб, нехуман или деградирачки третман или казнување, а Министерството за животна средина и просторно планирање активно ги вклучи граѓанските организации при изработка на 6-ти извештај за Конвенцијата за биолошка разновидност. Во 2020 подготвен е еден извештај со учество и консултација со граѓанскиот сектор:  Четвртиот периодичен извештај на Република Северна Македонија по Конвенцијата  на ОН против тортура и друг груб, нехуман или деградирачки третман или казнување на ОН. 

 

Дополнителни информации:

Одделението за соработка со невладини организации учествуваше на работилница на Експертската работна група при Меѓуресорското тело за човекови права

Macedonian
Мерки:
Статус: