28.2

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ФУНКЦИОНАЛЕН И ДОЛГОРОЧЕН МЕХАНИЗАМ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ОД ПРОГРАМАТА ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ХИВ КОИ ГИ СПРОВЕДУВААТ ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

 

Водечка институција

Министерство за здравство

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје

Индикатори

1. Формирање на работна група за подготовка на предлог решенија за воспоставување на функционален и долгорочен механизам за финансирање на активностите за ХИВ наменети за клучните популации кои ги спроведуваат граѓанските организации

2. Изготвени предлог решенија за подготовка, измени и/или дополнувања во релевантните закони и подзаконски акти и процедури за да се воспостави функционален и одржлив механизам на долг рок за финансирање на активностите за ХИВ

3. Изготвени стандарди за услуги за превенција и поддршка поврзана со ХИВ помеѓу клучни популации кои ги нудат граѓанските организации

 

ВО ТЕК                         

               

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори: 

1.Во Министерството за здравство формирана е работната група за подготовка на предлог решенија за воспоставување на функционален и долгорочен механизам за финансирање на активностите за ХИВ наменети за клучните популации кои ги спроведуваат граѓанските организации.  
2. Започнат е процес за изготвување на  предлог решенијата за подготовка, измени и/или дополнувања во релевантните закони и подзаконски акти и процедури за да се воспостави функционален и одржлив механизам на долг рок за финансирање на активностите за ХИВ. Работната група изготви предлог решение во новиот предлог Закон за здравствена заштита што беше доставено, претставено и одобрено на средбата одржана на 12.2.2019, помеѓу преставници на Кабинетот на министерот за здравство и претставници на Комисијата за ХИВ, вклучително и граѓанските организации. Изработката на подзаконските акти е во тек.                                                                                                                     
3. Во тек е изготвувањето на стандарди за услуги за превенција и поддршка поврзана со ХИВ помеѓу клучни популации кои ги нудат граѓанските организации (поради неколку сеопфатни и паралелни процеси во оваа област во која се вклучени претставници од институции и организации за кои е потребно да се планира подолг временски период за финализирање (законски измени, подготовка на подзаконки акти,  подготовка на стандарди). Предлог решенијата од работната група ќе бидат инкорпорирани во новиот Закон за здравствената заштита во делот  на препознавање на граѓанските организации како даватели на услуги од областа на превенцијата и јавното здравје. Во работната група се вклучени претставници на здруженијата на пациенти за Дијабетес, Хемофилија, Нарушување на растот, Кронова болест и улцерозен колитис и ХМЛ и пулмонална хипертензија; Коалиција за здравствени и сексуални права на маргинализираните заедници Маргини, ХОПС Опции за здрав живот Скопје, ХЕРА, НВО КХАМ Делчево, Здружение Епилепсија Македонија, Хапар центар Битола, Живот со предизвици, Ретки болести и пациенти со ретки болести, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество ИНКЛУЗИВА, Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби, Иницијатива 5 до 12, Церебрална парализа, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија. 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: