28.3

ВКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ПЛАНИРАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА МРЕЖИ ЗА СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ НА ЛОКАЛНО НИВО

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2020, 2ро тромесечје

Индикатори

1. Број на граѓански организации кои учествуваат во процесот на креирање социјални планови на локално ниво

2. Број на граѓански организации даватели на социјални услуги кои учествуваат во мрежата за социјалните услуги на локално ниво

3. Број на општини во кои се воведени и се ажурираат социјални мапи со родово разделени податоци и анализа на социјалните, економските и демографските карактеристики на тамошните заедници, со цел креирање локални политики засновани врз опкружувањето и потребите на нивните жители

ВО ТЕК

 

Превземени активности по индикатори:

Согласно новиот Закон за социјална заштита, во декември 2019 се склучени управни договори за давање на социјални услуги во 2020 година со здруженија како овластени даватели на следниве  услуги:   рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, организирано живеење со поддршка, помош во домашни услови и персонална асистенција.  Во 3 кватал на 2020 беше рестартиран проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ во рамки на кој е предвидено додефинирање за подзаконските документи за давање на социјални услуги, мониторингот на провајдерите, обуки за градење на капацитетите на давателите на социјалните услуги меѓу кои како провајдери се јавуваат граѓанските организации, како и јакнење на свеста за придобивките од социјалните услуги, но и постапките и процедурите за достапност на истите.  Од донесување на новиот Закон за социјална заштита до сега лиценцирани се вкупно 20 даватели на социјални услуги, и тоа за вон-семејна заштита, услуги во заедницата и услуги во домот. Со реализацијата на наведениот проект се очекува зголемување и развој на повеќе провајдери на социјални услуги, како и препознавање на истите на локално ниво.

 

Macedonian
Мерки:
Статус: