28.4

ПОДОБРУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТОТ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СОЦИЈАЛНИ УСЛУГИ

 

Водечка институција

Министерство за труд и социјална политика

Институции учеснички

/

Рок на спроведување

2020, 3то тромесечје

Индикатори

1. Број на одржани работилници за помош на граѓанските организации во процесот на аплицирање и спроведување проекти финансирани од локални, национални извори и извори од ЕУ

2. Број на јавни повици за финансирање на проекти на граѓански организации за обезбедување на социјални услуги

3. Број на граѓански организации даватели на социјални услуги кои успешно спровеле проекти финансирани од локални, национални извори и извори од ЕУ

 

СПРОВЕДЕНО   

                                 

Преземени активности по индикатори:

1. Во рамки на ИПА проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ ќе се одржат обуки за градење на капацитетите на граѓанските организации, даватели на социјални услуги за лица со попреченост и други ранливи групи.  2. Согласно Закон за социјална заштита МТСП објави Јавен повик за организирано живеење со поддршка,како и јавни повици за поддршка на проекти за социјална заштита и тоа: реинтеграција на бездомници, заштита на деца на улица, заштита на деца во ризик, специјализирани услуги за жртви на семејно насилство, програмски активности на национални инвалидски организации и програмски активности на Црвениот крст на РСМ. 3.Успешно реализирани проекти за социјална заштита на избраните 3 здруженија, како и  специјализирани услуги за жртви на семејно насилство од страна на 3 провајдери. Програмски активности на Национален совет на инвалидски организации и 7 национални инвалидски организаии, како и програмски активности на Црвен крст на РСМ.Согласно Програмата за персонална асистенција успешно е реализирана услугата од страна на 4 провајдери (Црвен крст - ОО Струга, Струмица, Куманово, Битола, Неготино, Гостивар), здружение Хуманост, Здружение Инклузива, Здружение студенти и младинци со хендикеп Скопје. Склучени се договори за меѓусебна соработка и финансисрање на програмките активности на Национален совет на инвалидски организации и 7 национални инвалидски организаии,  програмски активности на Црвен крст на РСМ, како и 4 избрани здруженија за давање на специјалириани услуги за жртви на семејно насилство.   Од 1.1.2019  финансиски е поддржана  услуга во Центар за социјална рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, преку Програма за социјална ресоцијализација  во терапевтска заедницаобезбедена  од страна на избрано здружение врз основа на Јавен конкурс. Во првиот квартал на 2019 објавени  се јавни повици согласно Законот за социјална заштита во однос на реализација на: Проект на здружение за социјална заштита на деца на улица, Проект за  психо - социјална поддршка на деца во социјален ризик, Проект за oбезбедување пристап до безбедно сместување до 1 година во специјализирано засолништe за  жртви на родово базирано насилство врз основ на сексуална ориентација и родов идентитет, Проект на здружение  за спроведување на ран третман на деца со АСН (аутистичен спектар на нарушувања) , Проект на здружение  за индивидуален третман на корисници во Дневен центар за деца со попреченост во менталниот или телесниот разво, како и обезбедување на услуга во Центар за лица жртви на трговија со луѓе и жртви на сексуално насилство. Програмата за персонална асистенција е проширена во две дополнителчни општини (Тетово и Велес) во кои услугата се реализира од страна на 3 провајхдери (ОО на ЦК Велес, Здружение за лица со церебрална парализа Велес, како и здружение Хендимак Тетово). Согласно новиот Закон за социјална заштита, во декември 2019 се склучени управни договори за давање на социјални услуги во 2020 година со здруженија како овластени даватели на следниве  услуги:   рехабилитација на лица кои употребуваат, односно злоупотребуваат дрога и други психотропни супстанции и прекурзори, организирано живеење со поддршка, помош во домашни услови и персонална асистенција.  Во 3 кватал на 2020 беше рестартиран проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ во рамки на кој е предвидено додефинирање за подзаконските документи за давање на социјални услуги, мониторингот на провајдерите, обуки за градење на капацитетите на давателите на социјалните услуги меѓу кои како провајдери се јавуваат граѓанските организации, како и јакнење на свеста за придобивките од социјалните услуги, но и постапките и процедурите за достапност на истите.  

 

 

Macedonian
Мерки:
Статус: