31.1

СПРОВЕДУВАЊЕ ЈАВНИ КОНСУЛТАЦИИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ПРИВАТНИ ДОНАЦИИ (ПРЕКУ ЗАКОНОТ ЗА ДОНАЦИИ И СПОНЗОРСТВА ВО ЈАВНИТЕ ДЕЈНОСТИ ИЛИ ПРЕКУ ВОВЕДУВАЊЕ НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОЧНАТА СТАПКА ВО СЕГАШНИТЕ ДАНОЧНИ ЗАКОНИ)

 

Водечка институција

Министерство за правда

Институции учеснички

Министерство за финансии

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Рок на спроведување

2018, 4то тромесечје

Индикатори

1. Број на одржани јавни консултации и тркалезни маси

2. Број на граѓански организации вклучени во јавните консултации

3. Број на одржани координативни состаноци на надлежните институции 4. Одржана е тематска седницана Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

5. Објавен е извештајот од јавните консултации

 

СПРОВЕДЕНО                                 

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

1. Во Министерството за правда во тек се консултации и активности со граѓанскиот сектор за формирање на работна група за изменување и дополнување на Законот за донации и спонзорства. Одржана е средба на министерката за правда со претставници на Здружението Конект Скопје. Во рамките на проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија се одржаа три локални форуми за консултации во Битола, Тетово и Велес на 21.12.2018, 15.01.2019 и 29.01.2019 соодветно.                                         
Во рамките на истиот проект се одржа Конференција за закони по мерка на граѓанските организации (вклучително и измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности), одржана на 23.4.2019 година и Конференцијата за меѓусекторски партнерства - Граѓанските организации посилни со бизнисите и граѓаните, одржана на 31.5.2019 година. На двете конференции учествуваа и претставници на Одделението за соработка со невладини организации.
2. Во рамки на настаните се дискутираа измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности од вкупно 81 претставници на граѓански организации и 4 претставници на локални институции. Локални експерти на проектот и Здружението Конект работат на предлог измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности. Вклучена е и меѓународна експертиза. Во овој процес се земаат предвид анализите на Здружението Конект (Коментари на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, Компаративен преглед на различни прашања поврзани со Законот, Анализа на трошоци и придобивки од даночните поттикнувања на Законот,  Рамка за спроведување и следење на Законот, Упатство за спроведување на Законот, Анализа на спроведувањето на Законот 2007-2011), одржаните широки консултации со  граѓански организации и со други чинители.
3. Одржан еден состанок во Министерството за правда.                             
5. Извештаите од форумите се објавени на www.konekt.org.mk.

 

Macedonian
Мерки:
Статус: