Одржана 26. тематска (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

На 7 декември 2020 година се одржа 26. тематска (дописна) седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор за планирање на областите и специфичните приоритети за финансирање на активности на здруженија и фондации од Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година. На седницата Советот разгледа предлог-приоритети и активности за финансиска поддршка на здруженија и фондации од Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, предложени од граѓански организации преку членовите на Советот и експертско мислење со предлози за измена на член 7 од Одлуката за критериумите и постапката за распределба на средства за финансирање на програмски активности здруженија и фондации од Буџетот на Република Северна Македонија. Советот заклучи дека е потребно да се обезбеди мислење по предлог-приоритетите и активностите од сите министерства и да се организира консултативен процес со граѓанскиот сектор.

 

Macedonian