1.2

1.2. Јавни консултации и дебати со граѓански организации, институции и други засегнати страни за измените на Законот за здруженија и фондации

Показатели

Спроведени четири јавни консултации/дебати за измените на Законот за здруженија и фондации (една национална и три локални) со опфат на повеќе од 100 претставници на граѓански организации

Надлежна институција

Министерство за правда,

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

2 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите за подготовка на законот ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот.  Потенцијална донаторска поддршка во делот на јавни консултации и информативни настани

Статус:

Реализирано

Преземени активности:

Министерството за правда на 11.04.2022 година на ЕНЕР објави Известување за почеток на процесот на подготовка на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, а на веб страниците www.pravda.gov.mk и www.nvosorabotka.gov.mk објавен е Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на измените на Законот. Рокот за доставување на предлози беше до 26.4.2022 година. На 12 и 13.12.2022  преку проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, се одржаа четири консултативни тркалезни маси со претставници на граѓански организации за Законот за здруженија и фондации (Правно препознавање на други форми на здружување; Овозможувачка околина за граѓанските организации; Организации и активности од јавен интерес; и Заштитата на непрофитниот карактер).Консултациите ќе продолжат по подготовка на текстот на предлог-законoт.

Дополнителни информации:

Undefined