3.1.

3.1. Изработка и спроведување на ефикасни методи за консултирање и информирање на граѓанските организации за работата на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (брошури, едукативни видеа, јавни настани, отворени денови и сл.), така што Советот да стане ефективен механизам за оформување на политиките за граѓанското општество

Показатели

Процент на граѓански организации информирани за работењето на Советот; Процент на граѓански организации консултирани од членовите на Советот кои доаѓаат од редовите на граѓанските организации; Број на информации поврзани со работењето на Советот испратени од Советот до граѓанските организации; Број на теми иницирани од граѓанските организации до Советот; Изготвен, усвоен и практикуван план за комуникација на Советот со граѓанските организации

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот, со поддршка од проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија

Статус:

Во тек

Преземени активности:

Во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ финансиран од ЕУ, изработена е Брошура: Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество - ДИЈАЛОГ И ЗАЈАКНУВАЊЕ и промотивно видео за работата на Советот, што се објавени на веб-страницата www.nvosorabotka.gov.mk. Исто така, изработени се предлози за Комуникациска стратегија на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество 2022-2024 и План за комуникација на Советот за 2022 година, но не се усвоени поради бојкот на работата на Советот на членовите од граѓанските организации од 24.3.2022 година.  Генералниот секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации, во соработка со Граѓанскиот ресурсен центар, во периодот 14-16.3.2023 во Гостивар, Скопје и Штип, организираа три консултативни средби за Нацрт-извештајот за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2022 година. На консултативните средби, повеќе од 70 претставници на граѓански организации дискутираа за статусот на спроведувањето на активностите и за улогата на Советот за соработка меѓу Владата и грашанското општество. На 3.11.2023 во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар се одржа дебата на тема „Структуриран и одржлив дијалог меѓу граѓанските организации и институциите“ со учество на 70 претставници на граѓанските организации. На дебатата беа споделени и регионални искуствата од функционирањето на вакви механизми и тела за дијалог меѓу граѓанските организации и институциите (Националниот совет за граѓанско општество во Албанија и Советот  за соработка меѓу органите на државната управа и невладините организации во Црна Гора). Во дискусијата, претставниците на граѓанските организации ги дадоа своите ставови и мислења за надминување на предизвикот во функционирањето на Советот. Дел од ставовите на организациите беа во насока дека граѓанските организации не смееле да дозволат да бидат без Советот повеќе од една година и дека Советот треба да продолжи да функционира https://rcgo.mk/vesti/organizaciite-povikaa-na-vrakjanje-na-funkcionalno... .  Активностите се дел од проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија.

Дополнителни информации:

Документите не се формално усвоени, поради бојкот на работата на Советот на членовите од граѓанските организации од 24.3.2022 година.

Објавување на оглас за избор на членови на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество по истекот на мандатот (јули 2024 година)

Undefined