4.1.

4.1. Одржување редовни координативни состаноци на Генералниот секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации и членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанското општество

Показатели

Одржани четири координативни состаноци годишно на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

Надлежна институција

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

2022 -континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Континуирано

Преземени активности:

На 01.03.2022 г. се одржа online состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество. Целта на состанокот беше информирање на членовите на Мрежата за усвоената Стратегија на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2022-2024 и утврдување на План за следење на спроведување на Стратегијата, преку квартални извештаи за информирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и годишни извештаи за информирање на Владата. На 27 и 28.12.2022 година беа одржани три состаноци со членови на Мрежата државни службеници одговорни за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 од Министерството за внатрешни работи, Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии, со цел запознавање на членовите со новините во процесот на подготовка на годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22). 

Дополнителни информации:

Undefined