4.2.

4.2.Членовите на Мрежата државни службенци за соработка со граѓанското општество учествуваат на обуки за значењето, работењето и моделите за соработка со граѓанското општество

Показатели

Процент на членови на Мрежата учесници на обуки поврзани со граѓанското општество; Број на граѓански организации коишто преку Мрежата остваруваат комуникација и соработка со ресорните институции

Надлежна институција

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

2022 -континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

 

Континуирано

Преземени активности: 

На 16.5.2022 во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, се одржа работилница „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“, за членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на вработените во органите на државна управа, кои воедно се и членовите на Мрежата државни службенци за соработка со граѓанското општество. На 17.01.2023 во рамките на истиот проект се одржа Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, со цел запознавање на членовите на Мрежата со новините во процесот на подготовка на годишниот извештај за спроведување на Стратегијата, согласно Упатството за структурата, содржината и начинот на подготвување, спроведување, следење, известување и оценување на секторските и мултисекторските стратегии („Службен весник на РСМ“ бр.122/22), како и постигнување согласност за податоците и индикаторите што треба да бидат опфатени во Извештајот. 

Дополнителни информации:

Undefined