4.2.
Primary tabs
4.2.Членовите на Мрежата државни службенци за соработка со граѓанското општество учествуваат на обуки за значењето, работењето и моделите за соработка со граѓанското општество
Показатели |
Процент на членови на Мрежата учесници на обуки поврзани со граѓанското општество; Број на граѓански организации коишто преку Мрежата остваруваат комуникација и соработка со ресорните институции |
Надлежна институција |
Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации |
Рок на спроведување |
2022 -континуирано |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот |
Статус:
Континуирано
Преземени активности:
На 16.5.2022 во соработка со проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката околина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, се одржа работилница „Градење позиции и постигнување консензус во работата на меѓусекторските советодавни тела“, за членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на вработените во органите на државна управа, кои воедно се и членовите на Мрежата државни службенци за соработка со граѓанското општество.
Дополнителни информации:
Работилница за подготовка на Извештај за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, на 17.1.2023