10.2.

10.2. Подобрување на квалитетот на подготовка на извештаите за проценка на влијанието на регулативата преку детално образложение на процесот на консултации

Показатели

Број на спроведени јавни кампањи за можностите за користење на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР; Процент на предлог-закони објавени на ЕНЕР за кои е почитуван рокот за консултации од 20 дена; Процент на предлог-закони за кои се доставени коментари на ЕНЕР од граѓански организации

Надлежна институција

Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество,

Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

4 квартал 2022, континуирано

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамки на редовните работни задолженија на вработените и во рамките на одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Квалитетот на Извештаите за ПВР во делот Консултации не е на задоволително ниво. Во 15 Извештаи (42.9%) во 2022, односно 19 извештаи (38,78%) во 2023, во овој дел само се наведени засегнатите страни или институциите од кои е побарано мислење. Во мај 2023, Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со СИГМА спроведе дводневна работилница на тема „Подобрување на квалитетот на проценката на влијанието на регулативата (ПВР) во Северна Македонија“ на која учествуваа 35 државни службеници. На работилницата се дискутираше и за квалитетот на подготовка на Извештаите за ПВР со детално образложение за начинот на пополнување на делот 5. Консултации. На 21.11.2023 со поддршка на СИГМА се одржа работилница „Унапредување на квалитетот на регулативата и донесувањето на одлуките на Владата на Република Северна Македонија“, за вработените во Генералниот секретаријат.

Дополнителни информации:

Undefined