12.4.

12.4. Јавно и транспарентно објавување на повиците за избор на членови во секторските работни групи

Показатели

Број на претставници на граѓанските организации избрани во секторските работни групи

Надлежна институција

Секретаријат за европски прашања, Министерство за локална самоуправа, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за труд и социјална политика, Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина и просторно поланирање, Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за информатичко општество и администрација, Министерство за фианансии, Министерство за здравство, Кабинет на заменикот на претстедателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

На 14.3.2022 г. на www.nvosorabotka.gov.mk објавен е јавен повик за учество на претставници на граѓанското општество во Работната група за ИПА 3 2021-2027 сектор Конкурентност и иновации. Состанокот на оваа СРГ се одржа во април 2022 г. Во Секторската работна група- Здравство, покрај членовите од владините институции има преставници на 8 граѓански организации (согласно решението за формирање на СРГ од 20.02.2020 г.). На 15.03.2022 г. се оддржа 5. состанок на СРГ- Здравство, на кој беа поканети и преставниците од граѓанските организации.  Во Секторската работна група за локален и регионален развој, координирана од Министерството за локална самоуправа членуваат 6 претставници на граѓанскиот сектор, од кои 3 на предлог на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (во постапка е измена на решението).

Дополнителни информации:

Undefined