16.2.

16.2. Формирање на работна група за изработка на измени на Законот за јавни собири, Законот за полиција и Законот за јавен ред и мир, како и на другата легислатива применлива за оваа проблематика

Показатели

 

Надлежна институција

Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда,

Jавно обвинителство на Република Северна Македонија,

Народен правобранител

Рок на спроведување

3 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Преземени активности:

Во Министерството за внатрешни работи-Оддел за правни работи, судски постапки и управување со човечки ресурси сеуште не е доставена иницијатива за формирање работни групи со цел ревидирање на постојната, односно донесување на нова законска, подзаконска регулатива во рамки на предметната област.

Дополнителни информации:

Предвидените рокови се кратки за измена на законската регулатива од оваа проблематика, потребно е подолг временски период за детално да се разгледа потребата од промени, кои делови би се промениле и слично.

Да се одржат консултативни состаноци за потребата од ревизија на законската рамка која го засега правото на собир со надлежните институции кои се носители на овие активности.

Undefined