18.1.
Primary tabs
18.1.Усвојување на законска, институционална и финансиска рамка за правно препознавање и развој на социјалното претприемништво (Закон за социјални претпријатија во широк консултативен процес којшто ќе го препознае целиот спектар на социјални претпријатија и ќе овозможува нивно правно препознавање и развој, а нема да го ограничува нивното работење; Вклучување на социјалните претпријатија со правна форма на здружение или фондација во: програмите за поддршка на микро, мали и средни претпријатија вклучително и старт-ап (во рамки на програмите на Министерство за економија, Агенцијата за развој и поддршка на претприемништвото, Фондот за иновации, Министерство за земјоделство во доменот на рурален развој итн.); Овозможување на граѓанските организации што вработуваат лица со попреченост да се стекнат со статус на заштитно друштво согласно Законот за вработување на инвалидни лица; Поттикнување и поддршка на институциите на централно и локално ниво да ги користат можностите за резервирани јавни набавки и договори согласно Законот за јавни набавки; Надминување на правните пречки за функционирање на социјалните претпријатија (фискални и даночни аспекти, пристап до финансии и сл.)
Показатели |
Спроведени се сеопфатни јавни консултации при изработката на Законот за социјални претпријатија (четири консултативни средби од кои една на национално и три на локално ниво со опфаќање на повеќе од 70 претставници на граѓански организации); Усвоен е Закон за социјални претпријатија |
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика |
Рок на спроведување |
4 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
̃ 2.040.000 денари ИПА Проект „Поддршка на социјални претпријатија“ |
Статус: Во тек
Преземени активности:
Работната група за политика и правна рамка за социјално претприемништво, формирана од Министерството за труд и социјална политика во 2.2021 и дополнета во 2022, со поддршка на проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ финансиран од ЕУ, што се спроведуваше во периодот 9.2020-4.2023 подготви Предлог на закон за социјални претпријатија, преку консултативен процес и билатерални средби со надлежни институции (Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на РСМ, Биро за јавни набавки, Централен регистар на РСМ и експерти. На 1 и 2.11.2023 во Скопје се одржаа дискусија и расправа по текстот на предлогот на закон со претставници на органите на државна управа, односно со претставници на граѓански организации и академската заедница, по што предлогот на закон беше објавен на ЕНЕР на 6.11.2023 и се одржаа три јавни расправи во Скопје 10.11.2023, Битола 15.11.2023 и Штип 17.11.2023. На 28.11.2023 Предлогот на закон за социјални претпријатија е доставен во владина постапка.
Дополнителни информации: