19.2.

19.2.Воспоставување на систем за финансиски стимулации за развој на иницијативи за социјално претприемништво на граѓанските организации

Показатели

Број на јавни повици за финансирање предлог-проекти од локални, национални средства и средства од Европската Унија чија цел е иницирање, постигнување и одржување на солвентноста на иницијативите за социјално претприемништво; Број на граѓански организации кои успешно спровеле проекти (преку јавните повици) финансирани од локални, национални извори и извори од Европската Унија; Број на социјални претпријатија формирани од страна на граѓанските организации преку спроведените проекти.

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика

Рок на спроведување

3 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

 ̃185.000 денари ИПА Проект „Поддршка на социјални претпријатија“

Статус: Реализирано

Преземени активности:

Преку Повик за грант апликации  финансиран од ЕУ „ Поддршка на социјалните претпријатија„  ноември/декември 2021 г.  се доделија  два гранта  на  ЦЕПРОСАРД и Националниот младински совет  кои  ќе   обезбедат  директна поддршка на социјалните претпријатија. Два јавни повици еден во мај , втор во септември 2022 г. со вкупен износ од околу 250.000 евра преку оваа грантова програма  ќе се обезбеди  директна поддршка на социјалните петријатија. Оваа грантова програма  има за цел да  обезбеди поддршка на проекти фокусирани за основање социјални претпријатија или проширување на опсегот на работа на постоечките социјални претпријатија со цел да се зајакне нивната економска независност и да се зголеми нивното социјално влијание. Фокусот ќе биде ставен на активностите за финансирање кои водат до отворање работни места, употреба на нова опрема и технологии, што ќе им овозможи на социјалните претпријатија да ги подобрат своите перформанси на пазарот, да обезбедат подобра заштита на своите вработени и подобри услуги.   

Дополнителни информации:

Undefined