19.3.
Primary tabs
19.3.Градење на капацитетите на граѓанските организации коишто се дел од еко-системот за развој на социјалните претпријатија
Показатели |
Број на јавни повици за финансирање предлог-проекти од локални, национални средства и средства од Европската Унија чија цел е иницирање, постигнување и одржување на солвентноста на иницијативите за социјално претприемништво; Број на граѓански организации кои успешно спровеле проекти (преку јавните повици) финансирани од локални, национални извори и извори од Европската Унија; Број на социјални претпријатија формирани од страна на граѓанските организации преку спроведените проекти. |
Надлежна институција |
Министерство за труд и социјална политика |
Рок на спроведување |
Почнувајќи од 1 квартал 2022 |
Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање |
ИПА Проект „Поддршка на социјални претпријатија“ |
Статус: Реализирано за 2022
Преземени активности:
Во ноември 2021 во простории на МТСП на ул. Македонија бр.5 Скопје се отвори првиот Центар за социјални претпријатија и се воспоставија 8 Регионални центри за поддршка на социјални претпријатија во Скопје, Куманово, Велес, Штип, Струмица, Битола, Охрид и Тетово. Националниот Центар за социјални претпријатија со 8те регионални центри за поддршка како дел од активностите на ИПА проектот „Поддршка на социјални претпријатија“ финансиран од ЕУ се воспоставени како структура за поддршка и развој на социјалните претпријатија, вклучително и за градење на капацитетите за развој на социјалните претпријатија.
Дополнителни информации: