21.1.

21.1. Измена на Законот за волонтерство со цел зголемувањае на граѓанскиот ангажман и волонтерство

Показатели

Спроведени се сеопфатни јавни консултации при изработка на Законот за волонтерство (четири консултативни средби од кои една на национално и три на локално ниво со опфаќање на повеќе од 70 претставници на граѓански организации); Усвоени се измени на Законот за волонтерство

Надлежна институција

Министерство за труд и социјална политика

Рок на спроведување

1 квартал 2022

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Не се потребни дополнителни финансиски средства. Активностите ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус: Во тек

Преземени активности:

По спроведен консултативен процес со надлежните институции и граѓанските организации во 2021, на 1.3.2022 Министерството за труд и социјална политика го достави Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за волонтерството во владина постапка. 
Сепак, по интензивни усогласувања со надлежни институции (Министертво за финансии, Секретаријат за законодавство) увидена е потреба од дополнителни посеопфатни консултации и усогласување околу конечните формулации на одредени одредби од предложениот Закон. Од тие причини, на барање на МТСП Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за волонтерство е повлечен од владина процедура и е вратен на доработка и усогласување на 7.12.2022 

Дополнителни информации:

Утврдени одредени преклопувања на надлежности и регулирани материи во овој закон и во Законот за трансформација во редовен работен однос, кои треба да се надминат и да се изврши целосно усогласување, пред се со Министерството за финансии.

Продолжување на усогласувањето и консултациите помеѓу надлежни институции во однос на текстот на законот.

Undefined