25.2.

25.2. Усвоена процедура и документација за транспарентно спроведување на постапка и финансирање на проекти од страна на единиците на локална самоуправа, во реализација на граѓанските организации

Показатели

Број на организирани обуки за граѓански организации и за општини и број на општини со целосно усвоена постапка за транспарентно финансирање на проекти за граѓанските организации; Број на граѓански организации корисници на средства согласно усвоените процедури; Број на јавни и транспарентни повици објавени од страна на општините

Надлежна институција

Министерство за локална самоуправа, Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации

Рок на спроведување

4 квартал 2024

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Проект за развој на локалната демократија РеЛОаД, финансиран од Европската унија, спреведуван од УНДП

Статус: Во тек

Преземени активности:

Организирани се 5 обуки за 429 граѓански организации со 582 учесници и 2 обуки за 13 општини со 55 учесници. Во рамките на Програмата за зајакнување на локалната демократја фаза 1 и 2, единаесет општини имаат усвоено методологија за јавна, транспарентна и отчетна распределба на средства од општинските буџети во корист на граѓанските организации: Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци, Ресен, Битола, Гевгелија, Охрид, Кочани, Крива Паланка и Велес. Куманово и Гостивар се општини кои што учествуваат и во првата и во втората фаза од Програмата. 75 граѓански организации се корисници на средства, согласно утврдената методологија и се реализирани 68 проекти. Објавени се 5 јавни повици за проекти.

Дополнителни информации:

Undefined