Показател на успешност

Зголемено непосредно учество на граѓанските организации во процесите на креирање политики (Број на претставници на граѓански организации членови на работни групи на органите на државната управа, Број на доставени иницијативи од граѓански организации до институциите)

Од вкупно 46 работни групи формирани од страна на ресорните министерства за подготовка на предлози на закони утврдени од Владата во 2021 година, за 16 предлози на закони или во 35% од формираните работни групи биле вклучен претставници на граѓански организации. Според одговорите на Прашалникот за механизмите на консултација со граѓанските организации при подготовка на предлог-законите и други акти во 2021 година, 57,1 % од министерствата сметаат дека учеството на граѓанските организации во креирањето политики е задоволително, 14,3% сметаат дека учеството било суштинско, 14,3% од министерствата оцениле дека е недоволно, а 14,3 % не се изјасниле по ова прашање.

Macedonian