Показател на успешност

Намалување на соодносот помеѓу: најавени и ненајавени јавни собири; бројот на поднесени пријави за пречекорување на полициски овластувања и употреба на прекумерна сила и пријави за кои од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди е утврдено дека се основани; бројот на пријави по кои постапувало Одделението за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, а се врзани со правото на мирен собир и бројот на покренати обвиненија и осудителни пресуди; поднесени претставки до Народен правобранител кои се однесуваат на пречекорување на полициски овластувања и бројот на мислења во кои е утврдена повреда

Во 2022 година се одржани 434 јавни собири од кои 348 се најавени и 86 ненајавени или во проценти 19,8 % од јавните собири биле ненајавени. Споредено со 2019 година забележано е намалување на соодносот помеѓу најавени и ненајавени собери (во 2019 биле одржани 515 најавени и 298 ненанјавени јавни собири или во проценти 36% од јавните собири биле ненајавени) Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во 2022 година се поднесени 4 кривични пријави против полициски службеници за уптреба на прекумерна сила.

Undefined