8.5.

8.5. Подготовка на правна рамка за формирање на независен Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на  проекти финансирани од Европската Унија, со што ќе се воспостави транспарентен и доверлив модел за државно финансирање     

Показатели

Усвоена е правна рамка за воспоставување Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти финансирани од Европската Унија, кој располага со буџет за поддршка и развој на граѓанските организации и има посебна програма во сопствениот буџет со која ќе се поддржуваат организациите кои имаат добиено проекти финансирани од Европската Унија; Изработена е функционална анализа; Воспоставен е функционален Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти финансирани од Европската Унија (распишан конкурс за органите на Фондот, Одлука за избор на органите на Фондот, број на одржани работни средби на органите на Фондот, усвоени програмски документи на Фондот, подготвени и усвоени процедури за јавна внатрешна финансиска контрола и отчетност во работењето и сл.)

Надлежна институција

 Генерален секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации,  Министерство за финансии, Министерство за правда, Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Рок на спроведување

од 2 квартал 2022 до 3 квартал 2023

Потребни финансиски средства и потенцијален извор на финансирање

Активностите за подготовка на правната рамка ќе се вршат во рамките на редовните работни задолженија на вработените и одобрените средства во буџетот

Статус:

Во тек

Преземени активности:

На 31.12.2021 година, со решение на генералниот секретар на Владата формирана е Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации, составена од претставници на Генералниот секретаријат на Владата, Министерството за финансии, Министерството за правда, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Секретаријатот за европски прашања, Агенцијата за млади и спорт, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Црвениот крст на Република Северна Македонија и граѓански организации. Првиот состанок на Работната група  се одржа  на 3.3.2022 година, во вид на работилница организирана во соработка со проектот „Техничка поддршка за унапредување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од ЕУ. Членовите на Работната група дискутираат за клучните компоненти на реформата на правната и институционалната рамка за државното финансирање на граѓанските организации и механизмите за обезбедување ефективна координација на процесот на реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации. Во периодот 14-21.3.2022, се спроведе истражување на ставовите на членовите на Работната група за идната структура и функционирањето на системот на државно финансирање на граѓанските организации, со пополнување на прашалник. Поддршката на проектот продолжи и при организирање на вториот состанок на работната групa (17.5.2022), во вид на работилница, на која беше презентирана Анализата на клучните наоди од прашалниците за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации, како и Извештајот за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации од Владата, органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа во 2021 година, подготвен од Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат.  Членовите на работната група дискутираа за можните опции за формирање на Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на ЕУ проекти и потребата од одржување заеднички состанок со Работната група за подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации. На 8.7.2022 година, одржан е заеднички online состанок на Работната група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации и Работната група за изработка на Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации. Со експертска поддршка од проектот, подготвени се предлог-одредби за Државна поддршка на организациите и Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество, разгледани на состаноците на работната група на 20.10.2022, 27.10.2022 и 14.11.2022 година.  Предлог-одредбите на Законот за здруженија и фондации во делот Државна поддршка на организациите и Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество разгледани и поддржани од Работната група на Министерството за правда за изработка на Закон за здруженија и фондации на 2.12.2022 година. 

Дополнителни информации:

Имајќи предвид дека формирањето на нови институции /фондови повлекува фискални импликации врз Буџетот на РСМ, поврзани со функционирањето на истите, Министерството за финансии укажува дека не може да поддржи предлог со кој би се формирало ново тело и притоа предлага активностите да се вршат во рамките на постоечките ресурси на надлежните институции.

Подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на РСМ за 2022 година.

Undefined