Информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европа 2021-2027
Primary tabs
Секретаријатот за европски прашања најавува информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европа, кој го организира во соработка со Заедничкиот секретаријат на Програмата.
Информативниот ден ќе се одржи онлајн, 6 декември 2023 год. во периодот 10.00 – 11.30 часот.
Интерег Европа e програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 мил.евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.
Програмата ги обработува темите:
- Попаметна Европа
- Позелена Европа
- Подобро поврзана Европа
- Посоцијална Европа
- Европа поблиска до граѓаните и
- Подобро управување на регионално ниво
Како потенцијални корисници на програмата можат да се јават:
- Државни институции - национални, регионални и локални јавни власти; други релевантни тела одговорни за развивање и/или спроведување на политики за регионален развој; органи одговорни за развој и/или спроведување на програми за инвестиции за работни места и раст
- Организации релевантни за политиките за регионален развој - организации за поддршка на бизнисот (развојни агенции, агенции за иновации, стопански комори, кластери, итн.); еколошки организации (агенции за животна средина, агенции за енергететика, невладини организации, итн.); образовни и истражувачки институции (универзитети, истражувачки центри, итн.)
Повеќе информации за Програмата се достапни на следниот линк: https://www.interregeurope.eu/
Учеството на информативниот ден може да се пријави најдоцна до 1 декември 2023 год на следната адреса: Natalija.Filipovska@sep.gov.mk.
Агендата и линкот за настанот ќе бидат навремено споделени со регистрираните учесници.