14.1
Primary tabs
ОРГАНИЗИРАЊЕ НА „ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА ИНИЦИЈАТИВИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“
Водечка институција |
Канцеларија на претседателот на Владата |
Институции учеснички |
Генерален секретаријат - Одделение за соработка со невладини организации |
Рок на спроведување |
2018, 3то тримесечје, а подоцна еднаш годишно |
Индикатори |
1. Број на организирани „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“ годишно 2. Број на граѓански организации и граѓани кои учествуваат во „Отворените денови за иницијативи на граѓанските организации“ 3. Број на објави во медиумите во врска со „Отворените денови за иницијативи за граѓанските организации“ |
РЕАЛИЗИРАНО
Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:
1.Во согласност со определбата на Владата партнерство со граѓанското општество во процесот на креирање и спроведување на политики, Владата воведе „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“. Во 2018 год. се одржаа три од серијата отворени денови на тема: Практики на соработка помеѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме? (8.6.2018 година), Борба против корупција (6.7.2018 година) и Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам (24.12.2018). Во 2019 год. се одржаа три од серијата отворени денови на тема: План за чист воздух (16.01.2019), Младински политики (27.06.2019) и Програма за намалување на аерозагадувањето 2020 (18.9.2019).
2.Во 2018 год. на трите од серијата Отворени денови учествуваа 258 претставници на граѓански организации и доставени се 25 иницијативи. Во 2019 год. на трите од серијата Отворени доставени се 18 иницијативи. Иницијативите и одговорите на ресорните министерства се објавени на www.nvosorabotka.gov.mk
3. Во 2018 год. за трите од серијата Отворени денови има вкупно 46 објави во медиумите.
Дополнителни информации:
Премиерот Заев: Национална стратегија за развој на концептот за едно општество е за да градиме држава во која различните заедници ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат
Иницијативи од „Отворени денови за иницијативи на граѓанските организации“