Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор на тема „Владеење на правото, добро владеење и борба против корупција“

На 25.09.2024 година, во просториите на Владата, се одржа првата од серијата средби со граѓанскиот сектор „Дијалог меѓу Владата и граѓанскиот сектор“, на тема „Владеење на правото, добро владеење и борба против корупција“, организирана во соработка со Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ). Водечка цел на Владата на Република Северна Македонија е враќање на довербата на граѓаните во институциите, елиминирање на корупцијата и обезбедување на владеење на право. На средбата, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека борбата со криминалот и корупцијата мора да биде одлучна и дека без победа во оваа борба не може да имаме развиена држава, подобри услови и подобар стандард на граѓаните. Преку средбата се отвори директен дијалог и комуникација со граѓанските организации, кои имаат стручност и работат на предлог решенија и механизми, за подобро функционирање на институциите и добро владеење.

Macedonian

Консултации за измена на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Согласно заклучоците од дебатата „Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество“, одржана на 4.9.2024 година во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, ги покануваме граѓанските организации да достават предлози за изменување и дополнување на Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество („Службен весник на РМ“ бр. 98/16 и 164/17 и „Службен весник на РСМ“ бр. 97/19 и 116/21), на nvosorabotka@gs.gov.mk до 20.9.2024 година.

Одлука за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (пречистен текст)

Macedonian

Дебата Зајакнување на соработката меѓу Владата и граѓанското општество

На 4.9.2024 година, во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар, во Скопје, се одржа дебата на тема Зајакнување на соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На настанот, дискусијата беше фокусирана на овозможувачката средина за развој на граѓанското општество - моментална состојба и идни чекори.

Генералниот секретар на Владата г. Игор Јанушев во своето обраќање истакна дека граѓанските организации се срцето на секоја демократска држава. Тие се гласот на народот, каналот преку кој граѓаните ги изразуваат своите потреби, идеи и визии. За да може овој глас да биде доволно силен и влијателен потребна е поддршка, разбирање и координирана соработка со државните институции. Владата е свесна за оваа потреба и за важноста на градењето на партнерски односи со граѓанскиот сектор.

Приоритет на Владата, во периодот 2024-2028, е поддршка на инклузивен, независен и професионален граѓански сектор, кој е партнер на институциите во креирањето и реализацијата на стратешките цели на државата:

  • Почитување на принципот на сигурност и одговорност
  • Отвореност и транспарентност
  • Динамично и инклузивно општество

Преку овие заложби на Владата, во соработка и партнерство со граѓанските организации, ќе ја градиме државата како просперитетна, праведна и динамична демократија.

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2025 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 20.9.2024 година, со назнака Иницијатива за ГПРВ 2025.

Образец на Иницијатива за ГПРВ 2025

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS