На 7 април 2025 година, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество одржа конститутивна седница, на која поздравно обраќање имаа генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи. Генералниот секретар ја потенцираше посветеноста на Владата односите со граѓанските организации да ги гради врз основа на принципите на инклузивност и партиципативно планирање, сигурност и одговорност, отвореност и транспарентност, како неопходни инструменти за градење на еднаквост пред законот и одговорност на носителите на одлуки.“Во соработка и партнерство со граѓанските организации, со ефикасна и транспарентна работа на седниците на Советот, заедно ќе ја градиме државата како просперитетна, праведна и динамична демократија”, истакна Јанушев.