Одржана 23. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

 

 

На 24 септември 2020 година во Клубот на органите на управата, се одржа 23. седница на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор. 

Советот номинираше претставници на граѓанскиот сектор (член и заменик член) во Заедничките работни групи за програмите за прекугранична соработка во рамки на ИПА 3 (2021-2027) од кандидатите кои ги исполнуваат условите согласно Јавниот повик што Советот, на барање на Министерството за локална самоуправа, го објави на 20.7.2020 година на www.nvosorabotka.gov.mk.

Macedonian

Продолжен рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на Програмата за работа на Владата за 2021 година

Согласно препораките на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од 23.седница одржана на 24.9.2020 година, се продолжува рокот на Повикот до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година до 5.10.2020 година. Предлозите за политики треба да се во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонија, утврдени во Програмата за работа на Владата 2020-2024, да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и да се достават по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2021.

 

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2021

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година

Во насока на продолжување на транспарентен и целосно инклузивен дијалог со граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија - Одделение за соработка со невладини организации ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година, согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11). Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година. Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што е даден во прилог и што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 23.9.2020 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2021.

 

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2021

Macedonian

Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година

 

Советот за координација и следење на процесот на Отворено владино партнерство и Националниот Акциски план за Отворено владино партнерство 2018-2020 година, на седницата одржана на 29.07.2020 година објави Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година.

Повеќе информации во врска со Јавниот повик и начинот на пријавување за учество во процесот може да најдете на следниот линк

 

<--break-><--break-><--break->

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS