Jавна расправа за нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030

 

Министерството за информатичко општество и администрација и РЕСПА организираат јавна расправа за Нацрт верзијата од Стратегијата за реформа во јавната администрација 2023-2030.

Јавната расправа ќе се одржи на 1. декември (четврток), со почеток од 10.00 часот, во хотел Холидеј Ин.

МИОА ги повикува сите членови на работните групи вклучени во подготовка на Стратегијата и Акцискиот план, како и сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на јавната расправа и со тоа да дадат свој придонес.

Линк од документот: https://mioa.gov.mk/?q=mk/node/2103

Macedonian

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците објави Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации

 

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на 19.10.2022 година, објави Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации. Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е најдоцна до 17.11.2022 година. Подетални информации се достапни на следниот линк: https://mpsoz.gov.mk/mk/.

Macedonian

Повторно објавен Оглас за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес

Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија го продолжува рокот за пријавување на Огласот за избор на два члена на Комисијата за организации со статус од јавен интерес, од организации регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации. Кандидатите предложени од организациите треба да имаат експертиза од областа на граѓанскиот сектор и познавање на националното законодавство поврзано со некоја од областите определени како дејности од јавен интерес во член 74 од Законот за здруженија и фондации. Рокот за пријавување на кандидатите е 20 септември 2022 година.

Оглас

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година

 

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11),  Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година.

Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2023 година, кои може да се видат тука

Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2022 година, со назнака Иницијатива за ГПВРСМ 2023.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2023

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS