Повик до граѓанското општество на земјите кандидати за ЕУ

Eвропскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК) објавува повик за изразување интерес, поканувајќи ги претставниците на организациите на работодавачи, синдикатите и граѓанските организации од земјите кандидати за ЕУ да учествуваат во пилот проектот на ЕЕСК. 

Оваа иницијатива им нуди специфична можност за вклучување и учество на земјите кандидати на ЕУ и е дизајнирана како едногодишен пилот проект за 2024 година и ќе биде евалуирана во декември 2024 година.

Доколку вашата организација е заинтересирана да биде дел од иницијативата на ECM, аплицирајте најдоцна до 25 јануари 2024 година. Секретаријатот на ЕЕСК ќе ги контактира селектираните организации за следните чекори во процесот.

Повеќе информации на следниот линк: https://www.eesc.europa.eu/en/initiatives/call-eu-candidate-countries-civil-society 

Macedonian

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за објавениот повик од страна на УНЕСКО до државите членки за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за периодот 2024 – 2025 година

Врз основа на Резолуцијата 42 Ц/47 усвоена на 42. Генерална конференција на УНЕСКО во 2023 година, се повикуваат државите членки, преку своите национални комисии за УНЕСКО, да поднесат до УНЕСКО најмногу 7 предлог-проекти од 5-те главни програмски области на УНЕСКО: образование, природни науки, општествени науки, култура, комуникации и информации, и 1 регионален проект најдоцна до 29 февруари 2024 година.

Macedonian

Информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европа 2021-2027

Секретаријатот за европски прашања најавува информативен ден за програмата за територијална соработка Интерег Европакој го организира во соработка со Заедничкиот секретаријат на Програмата.

Информативниот ден ќе се одржи онлајн6 декември 2023 год. во периодот 10.00 – 11.30 часот.

Интерег Европа e програма за меѓу-регионална соработка ко-финансирана од Европската унија. Вкупниот буџет на програмата од 379 мил.евра е наменет за поддршка на широк круг на потенцијални корисници на национално, регионално и локално ниво, преку финансирање на проекти од меѓу-регионален интерес и размена на искуства преку Платформа за учење на политики.

Macedonian

Повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики („Службен весник на РМ“ бр.99/11), Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ги повикува граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година. Предлозите за политики треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети и приоритетните цели на Владата на Република Северна Македонија за 2024 година, кои може да се видат тука.

Вашите предлози треба да бидат внесени во Образецот што треба да го доставите по електронски пат на адреса: nvosorabotka@gs.gov.mk до 15.9.2023 година, со назнака Иницијатива за ГПРВ 2024.

Образец на Иницијатива за ГПВРСМ 2024

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS