Одржан состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество

На 01.03.2022 година Одделението за соработка со невладини организации организираше online состанок на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество. Целта на состанокот беше информирање на членовите на Мрежата за усвоената Стратегија на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акцискиот план 2022-2024 и утврдување на План за следење на спроведување на Стратегијата, преку квартални извештаи за информирање на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и годишни извештаи за информирање на Владата. На состанокот беше разгледан образецот за подготовка на квартален извештај, а присутните претставници на ресорните министерства информираа за преземените и планирани активности чиј рок за спроведување е првиот квартал од 2022 година.

Macedonian

Повик за проекти преку Интерег Еуро-МЕД транснационалната програма

Секретаријатот за европски прашања го најавува отворањето на првиот повик за проектни предлози во рамки на Интерег Еуро-МЕД транснационалната програма. Овој повик за проектни предлози е насочен кон приоритет 3 од Програмата, „Управување во Медитеранот“, специфична цел „Други активности за поддршка на подобрено управување преку соработка“.

Повикот ќе биде отворен од 24 февруари до 24 мај 2022 год. и истиот ќе поддржи 2 типа на проекти: тематски проекти во заедницата и проекти за институционален дијалог.

Macedonian

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

Врз основа на член 7 од Одлуката за формирање на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, Генералниот секретаријат на Владата – Одделение за соработка со невладини организации објавува Листа на кандидати според бројот на добиени гласови за избор на член на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество од редот на здруженијата и фондациите за областa Родова еднаквост.

 

Листа на кандидати според бројот на добиени гласови

Macedonian

Одржана 4. седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество

На 10.02.2022 година се одржа Четвртата седница на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество. На оваа седница, Советот го разгледа и усвои Извештајот за работа на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество за 2021 година.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS