Четиринаесетти повик на УНЕСКО за финансирање проекти во рамките на Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2023 година

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за 14. повик на УНЕСКО за поднесување проекти за финансирање во рамките на  Меѓународниот фонд за културна разновидност за 2023 година.  

Истакнуваме дека предлог-проектите треба да се достават исклучиво преку официјалната платформа на УНЕСКО за аплицирање, најдоцна до 16 мај 2023 година.

Детални информации за повикот и за процесот на аплицирање може да се добијат на следниов линк: https://en.unesco.org/creativity/ifcd/apply.

Macedonian

Одржани консултативни средби за Нацрт-извештајот за спроведување на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 во Гостивар, Скопје и Штип

Одделението за соработка со невладини организации на Генералниот секретаријат на Владата заедно со Граѓанскиот ресурсен центар, во периодот 14-16 март во Гостивар, Скопје и Штип, организираа три консултативни средби за Нацрт-извештајот за напредокот во спроведувањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024 и постигнување на стратешките и оперативните цели во 2022 година. На консултативните средби, повеќе од 70 претставници на граѓански организации дискутираа за статусот на спроведувањето на активностите и дадоа предлози за приоритетите во спроведувањето на Стратегијата во следниот период. 

Macedonian

Нацрт-Извештај за спроведување Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022 – 2024, во 2022 година

Стратегијата на Владата на Република Северна Македонија за соработка со и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024 е усвоена на 130-та седница на Владата, одржана на 28.12.2021 година. Истата е резултат на препознаената потреба за унапредување на механизмите за соработка со граѓанското општество и градење на континуиран, транспарентен и целосно инклузивен дијалог во процесот на креирање и спроведување на политиките. Мерките што се преземаат со оваа стратегија на институционално ниво се насочени, меѓу другото, и кон одржување на континуитетот во работата на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество и за подобрување на практиките за комуникација и соработка со граѓанските организации. Стратегијата ги утврдува клучните приоритети и разработува активности насочени кон унапредување на правната рамка за граѓанските организации; зајакнување на институционалната рамка и практиките на соработка помеѓу Владата и органите на државната управа и граѓанските организации; воспоставување даночна рамка којашто одговара на спецификите на работењето на граѓанските организации и го овозможува нивниот развој, како и унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Macedonian

Информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“

 

Во организација на УНЕСКО, во Кинотеката на Северна Македонија на 17 февруари (петок) во 12 часот ќе бидат организирани информативни сесии за проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“.

Претставниците од овој проект, кој е финансиран од Европската Унија, имплементиран од УНЕСКО, Британскиот совет и Италијанската агенција за развојна соработка, ќе ги презентираат деталите за аплицирањето.

Станува збор за два отворени повика: едниот е за доставување предлози од организации и институции, а вториот за изразување интерес на поединци заинтересирани да придонесат кон зацврстување на културниот и креативниот сектор и хармонизација нa Западен Балкан.

Macedonian

Pages

Subscribe to Одделението за соработка со невладините организации RSS