На 17.01.2023 година во соработка со проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, финансиран од Европската Унија, се одржа Работилница за следење и известување за спроведувањето на Стратегијата на Владата за соработка со и развој на граѓанското општество 2022-2024, за членовите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество.