9.4

ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА МЕХАНИЗАМ (АЛАТКИ) ЗА КОМУНИКАЦИЈА ИНТЕРНО ПОМЕЃУ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ, НО И КОН ЈАВНОСТА, ВКЛУЧУВАЈЌИ ЈА И МРЕЖАТА НА ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ ЗА СОРАБОТКА СО ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР

 

Водечка институција

Совет за соработка со и развој на граѓанскиот сектор

Институции учеснички

Генерален секретаријат – Одделение за соработка со невладини организации

Рок на спроведување

2018, 3тотромесечје

Индикатори

1.Воспоставена е ефективна комуникациска стратегија/План за комуникација на Советот

2. Број на спроведени обуки за членовите на Советот (за подобрување на мотивациските и комуникациските вештини, тимска работа, меѓусекторска комуникација и сл.)

 

СПРОВЕДЕНО                          

 

Преземени активности во 2018 и 2019, по индикатори:

1. Одржани се состаноци со мрежите на граѓански организации на Здружението на граѓани Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби Скопје и Центарот за економски анализи Скопје и изработени се Планови за комуникација во областите Економски и одржлив развој и Заштита на маргинализирани лица, разгледани на 7.седница на Советот (26.11.2018). На 7.седница Советот формираше и работна група за изработка на План за комуникација. Нацрт-Планот за комуникација на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор беше разгледан на 17. седница на Советот (25.11.2019), членовите беа задолжени да достават писмени коментари и да се организира консултативен процес со граѓанските организации.       
2. Одржани се 2 обуки за членовите на Советот и тоа:

-На 6.6.2018 во Клубот на органите на управата во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот за оперативното планирање на работата на Советот, запознавање и соработка помеѓу членовите                                            

-На 7.62018, во Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје, се одржа работилница/обука за членовите на Советот од редот на граѓанските организации, за зајакнување на капацитетите на членовите за комуникација со граѓанските организации од секторите кои тие ги претставуваат во Советот.   

 

Дополнителни информации:

1. Се одржа средба за изработка на стратегија и план на комуникација на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор

План за комуникација во областa Економски и одржлив развој 

План за комуникација во областa Заштита на маргинализирани лица

 

2. Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, за оперативно планирање

   

Одржана работилница за членовите на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор од граѓанските организации, за ефективна комуникација

  

 

Macedonian
Мерки:
Статус: