Стратешка цел 1. Унапредување на правната рамка за граѓанските организации
|
Показател на влијание
Оперативна цел 1. Унапредување на правната рамка за здруженија и фондации која обезбедува гаранции за остварување на правото на слобода на здружување во согласност со меѓународните стандарди
|
Показател на успешност
1.1. Подготовка на измени на Законот за здруженија и фондации (во насока на ревизија и прилагодување на номенклатурата дефинирана во законот со цел препознавање на други форми на здружување, ревизија на одредбите за непартиско дејствување и влијание на избори, анализа на функционалните модели за стекнување со статус од јавен интерес, интегрирање на податоците на регистрираните организации во една база на податоци во отворен формат, заштита на непрофитниот карактер, генерални критериуми за начинот на финансирање на организациите од корисниците на јавни средства итн.)
1.2. Јавни консултации и дебати со граѓански организации, институции и други засегнати страни за измените на Законот за здруженија и фондации
1.3. Доставување на измените на Законот за здруженија и фондации (владина процедура
1.4. Градење на капацитетите на институциите и граѓанските организации за доследна примена на Законот за здруженија и фондации
Оперативна цел 2. Овозможување бесплатен пристап до податоци за граѓански организации од Регистарот на регистрираните организации согласно Закон за здруженија и фондации во Централниот регистар на Република Северна Македонија
|
Показател на успешност
2.1.Проширување на отворените податоци што Централниот регистар на Република Северна Македонија ги објавува за граѓанските организации со податоците достапни од индивидуалнотот пребарување, достапни како постојни услуги
2.2. Овозможување пристап до динамички извештаи со прилагодливи податоци за граѓанските организации за корисниците на буџетот (централна и локална власт)
2.3. Редовно ажурирање на отворените податоци од Регистарот на регистрираните граѓански организации од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија
2.4. Подготовка на измени и дополнувања на Законот за користење на податоци од јавен сектор и негово усогласување со Директивата за отворени податоци и ре-употреба на информации од јавниот сектор (2019/1024)
Стратешка цел 2. Зајакнување на институционалната рамка и практиките за соработка помеѓу Владата, органите на државната управа и граѓанските организации
|
Показател на влијание
Оперативна цел 3. Континуирано работење на независен, репрезентативен, оперативен и ефективен Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество
|
Показател на успешност
3.1. Изработка и спроведување на ефикасни методи за консултирање и информирање на граѓанските организации за работата на Совет за соработка меѓу Владата и граѓанското општество (брошури, едукативни видеа, јавни настани, отворени денови и сл.), така што Советот да стане ефективен механизам за оформување на политиките за граѓанското општество
3.2. Изработка и спроведување на ефикасни методи за комуникација со јавноста, вклучувајќи ги државните институции особено Мрежата на државни службеници за соработка со граѓански организации и јавноста
3.3. Јакнење на капацитетите на членовите на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, воспоставување алатки за континуирана, независна и ефикасна работа на Советот и вопоставување на механизми за комуникација интерно помеѓу членовите на Советот
Оперативна цел 4. Унапредување на знаењата и капацитетите на Мрежата на државни службеници за соработка со граѓанското општество
|
Показател на успешност
4.1. Одржување редовни координативни состаноци на Генералниот секретаријат-организациона единица за соработка со граѓански организации и членовите на Мрежата државни службеници за соработка со граѓанското општество
4.2.Членовите на Мрежата државни службенци за соработка со граѓанското општество учествуваат на обуки за значењето, работењето и моделите за соработка со граѓанското општество
Стратешка цел 3. Воспоставување даночна рамка којашто одговара на спецификите на работењето на граѓанските организации и го овозможува нивниот развој
|
Показател на влијание
Оперативна цел 5. Унапредување на даночната рамка од аспект на данокот на додадена вредност согласно идентификуваните развојни потреби на граѓанските организации
|
Показател на успешност
5.1. Анализа на можностите за ослободување од данокот на додадена вредност (ДДВ) за кофинансираниот дел на одобрените проекти поддржани од донаторите (Европска Унија, САД, држави членки на ЕУ и држави со кои се потпишани билатерални договори за соработки) во делот на учеството на граѓанските организации за кофинансирање
5.2. Јавни консултации за презентирање на наодите/препораки од Анализата за можностите за ослободување од ДДВ за кофинансираниот дел на одобрените проекти поддржани од донаторит.
5.3. Формирање работна група за измени на законска рамка за данокот на додадена вредност во насока на ослободувања од ДДВ за кофинансиран дел на одобрените проекти поддржани од донаторите
Оперативна цел 6. Унапредување на транспарентноста на финансиските активности на граѓанските организации
|
Показател на успешност
6.1.Јавно објавување на финансиските податоци од работењето на граѓанските организации
6.2.Организирање на тематска тркалезна маса со претставници на непрофитните организации со цел да се разговара за напредокот и да се препорачаат дополнителни подобрувања за јавно-достапните информации за финансиските активности на непрофитните организации
Оперативна цел 7. Подготовка на подобрена законска и подзаконска рамка за сметководството на непрофитните организации
|
Показател на успешност
7.1.Консултации со граѓанските организации и другите непрофитни организации за идентификување на најсоодветниот модел на сметководство имајќи ги предвид спецификите на непрофитните субјекти
7.2.Подготовка на законска рамка за сметководството на непрофитните организации, согласно препораките и заклучоците од спроведените консултации
7.3.Подготовка на подзаконска рамка за сметководството на непрофитните организации, вклучително и сметководствените конта, согласно препораките и заклучоците од спроведените консултации, за да овозможат посоодветно следење на развојот и финансиската одржливост на граѓанските организации
7.4. Организирање на информативни сесии за донесените измени во правната рамка за сметководство на непрофитните организации
Стратешка цел 4. Унапредување на системот на државно финансирање на граѓанските организации
|
Показател на влијание
Оперативна цел 8. Унапредување на моделот за финансирање на граѓанските организации од буџетот на државата
|
Показател на успешност
8.1. Зголемување на уделот на државно финансирање од централниот буџет и од буџетите на единиците на локална самоуправа, со цел да се достигне удел од 30% (околу 2 милијарди денари) во вкупните приходи на граѓанските организации до 2024 година
8.2. Воведување на механизми со кои ќе се осигура дека планирањето на средствата за финансирање на граѓанските организации ќе биде исклучиво на контото 463, а само во исклучителни и специфични случаи тоа ќе се врши преку други конта во Буџетот на Република Северна Македонија
8.3. Трансформација на Кодексот на добри практики за финансиска поддршка на здруженијата на граѓани и фондациите во хоризонтален и задолжителен подзаконски акт за сите органи на државната управа. Измените и дополнувањата на Кодексот, пред се', ќе треба да се фокусираат на одредбите што се покажале како слабост: планирањето на средствата (задолжителни консултации за приоритетите), одлучувањето (независни комисии, регулирање на конфликтот на интереси, вклучување експерти и претставници на граѓански организации), објавувањето на резултатите и правото на жалба, мониторинг и евалуација итн.
8.4. Измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри (да се интервенира во членот 16 од Законот каде што: 1) се додава развој на граѓански организации регистрирани по Законот за здруженија и фондации, како основа за дополнително финансирање (проширување на опфатот); 2) износот на средствата се определува на најмногу 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 120 милиони денари; и 3) распределбата на финансирање на институционалната поддршка на организациите основани врз основа на Законот за здруженија и фондации ја врши Фонд основан со посебен закон, кој ја извршува функцијата за поддршка, унапредување и развој на граѓанското општество)
8.5. Подготовка на правна рамка за формирање на независен Фонд за поддршка и развој на граѓанското општество и кофинансирање на проекти финансирани од Европската Унија, со што ќе се воспостави транспарентен и доверлив модел за државно финансирање